Хјустон Рокетс  најскапо продаден клуб во НБА историјата за 2,2 милијарди долари

 

Хјустон Рокетс стана најскап клуб продаден во НБА историјата, откако беше  официјализирано купувањето од страна на новиот сопственик Тилман Фертита за сума од 2,2 милијарди долари. Продажбата на клубот, исто така, вклучува активности околу „Тојота Центар“.

„ Чест ми е да бидам следниот сопственик на Хјустон Рокетс. Ова е нешто за што сонувам целиот мој живот. Благодарен сум за можноста“, рече новиот сопственик на „ракетите“кој своето богатство го има направено преку синџирот ресторани под името „Лендри Инц“ и ,,Голден Нагет” казината во САД.

Инаку,  поранешниот сопственик Лесли Александар во далечната 1993 година го купи Хјустон за сума од 85 милиони долари.