Министерството за труд и социјална политика  врати неисплатена социјална парична помош за граѓани кои што примале социјална помош и туѓа нега од декември 2011, година, соопшти  на прес-конференција министерката Мила Царовска.

– На граѓаните коишто примале социјална помош и туѓа нега им е украдена една исплата во 2011 година. Наместо за правата кои  требало да ги остварат во ноември за туѓа нега и за социјална парична помош да добијат исплата во месец декември,  ја добиле во јануари 2012 година. Со ова се случува скратување на еден месец во исплата на правата. Со ова биле оштетени повеќе од 30 илјади граѓани, со вкупна сума од над 240 милиони денари – рече Царовска.

Царовска соопшти дека  на 1-ви септември граѓаните добиле една исплата,  задоцнетата, и сега на 14-ти септември имало и втора исплата, за да се исправи неправдата која шти им била направена пред шест години.