Српската фолк пејачка, Светлана Ражњатовиќ-Цеца, е во фокусот на вниманието во балканските медиуми заради тоа што владиниот хеликоптер, по наредба на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, бил ставен на располагање на пејачката. Таа постави кусо видео на својот профил на една од социјалните мрежи , најавувајќи го доаѓањето во Бања Лука, за новогодишната ноќ. Меѓутоа, некои медиуми, во заднина го заблежале службениот знак на Влада на РС, по што летањето на Цеца на државна сметка, стана главна вест на повеќе медиуми, а политичките партии побараа одговор на прашањето дали Додик лично дал наредба Цеца да се превезе во Бања Лука за новогодишниот настап:

Од владината служба на РС, демантираат дека хеликоптерот е користен за потребите на пејачката, туку објаснуваат дека таа е свртена неколку круга над Бања Лука заради најавата дека ќе донира пари во хуманитарни цели.

Извор: медиуми во РС и Србија