ЦИВИЛ:Груевски решил да поднесе оставка?

Неофицијално се дознава дека Никола Груевски веќе подолго време размислува да објави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според извори на невладината ЦОВИЛ, Груевски веќе ја донел оваа своја одлука и единствено се премислува околу терминот за објавата. 

По катастрофалниот пораз на локалните избори, Груевски се наоѓа под силен притисок дури и од дел од своите најблиски соработници, да понесе одговорност за поразот и да поднесе оставка. Иницијативата за внатрешни реформи (Реформаторите) веќе со месеци повикуваат на внатрешна демократизација на партијата и негова оставка од функцијата. Реформаторите добиваат масовна поддршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ,пишува Цивил..