ЦИВИЛ: Во ресенско активисти на политичка партија нуделе 4.500 денари поткуп за глас

Набљудувачите на ЦИВИЛ цел ден пријавуаат случаи на кршење на изборниот молк.

Според информациите од набљудувачите во ресенскикот регион, активисти на политичка партија вршеле поткуп на гласачи за 4.500 денари.

Случајот бил пријавен во полиција од две лица за кои постоел обид за поткуп. Полицијата ги привела осомничените и им била одредена прекршочна пријава, по што биле пуштени.

Набљудувачите на ЦИВИЛ остануваат на теренот и будно ги следат состојбите-известуваат од оваа невладина органиација.