ЦИВИЛ: Музика и славеничко пукање во Арачиново (видео)

Во Арачиново и во село Ласкарци, според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, изборната победа се славела со славеничко пукање.

Од видеото кое е објавено и на социјалната мрежа Фејсбук, покрај музиката, јасно се слушаат истрели од огнено оружје во Арачиново, каде што поддржувачите на кандидатката на СДСМ ја славеа победата.

ЦИВИЛ остро ја осудува појавата на славеничко пукање и се очекува и нивно официјално соопштение во врска со овие инциденти.