Циркус во српскиот Парламент (видео)

Плукање, навреди и ,,ракоплескање,, и гласно довикнување ја одбележа денешната седница на српскиот Парламент. До инцидентот дојде за време на расправата за предлог закон за спречување насилство во семејство, а претседателката на парламентот Маја Гојковиќ ја прекина седницата и казни двајца пратеници на партијата Доста беше (Доста је било), како што рече заради плукање и псуење на мајката на пратеникот Марјан Ристиќевиќ.

Инцидентот се случи откако овој пратеник зборувајќи против поранешниот ,,режим”,како што рече, покажа фотографии од поранешен министер сега претседател на партијата, кој наводно со сопругата на танчерка и ставаат пари меѓу градите. Ова е тортура врз жените- рече Ристиќевиќ, по што настана хаос во парламентот.

Пратениците на ДЈБ на Саша Радуловиќ ја прашаа претседателката на парламентот каква врска ова има со темата, но пратеникот продолжил да покажува други фотографии на функционери од  ДС . Ова ги изреволтира пратениците од ДЈБ, посебно пратеничката Татјана Мацура која постојано викаше-,,срам да ви е,,….

По ова Гојковиќ ја прекина седницата , а откако се смирија страстите во помирна атмосфера пратениците продолжија со работа.