Премиерот Зоран Заев, денешниот ден го помина во Тиквешијата, кадешто заедно со своите најблиски соработници претстојуваше по повод верскиот празник ,,св. Трифун“.

Меѓу другото, тој влезе во нивите да закрои лозово гранче. Но, еден интересен детал не остана незабележан од јавноста, а тоа е црвениот килим послан преку дрвените палети, кои беа наредени една до друга, за да не се извалкаат гостите од калта.

,,Традиционално, по повод денешниот празник, учествував во закројување на лозјата во винарницата Попова Кула во Демир Капија, а присуствував и на дегустација и лицитација на повеќе видови на вино од хуманитарен карактер, во винарницата Кралица Марија во Демир Капија.

При посетата на винарниците, остварив средби со претставници од бизнис секторот, сопственици на повеќе винарници и откупувачи на грозје, каде разменивме искуства и сугестии за подобрување на состојбите во овој сектор“-стои на ФБ профилот на Зоран Заев.