Четири бебиња починале за една ноќ на Клиника за гинекологија!

Четири новороденчиња починале на Клиникаата за гинекологија ноќта меѓу четврток и петок минатата недела, дознава НОВА од свои извори на клиниката. Докторката, гинеколог која била таа вечер на дежурство привремено е суспедирана од работа додека не се расчисти случајот со починатите бебиња, потврдија од Министерството за здравство. Од таму информираат дека  веќе формирале комисија која ќе го испита слуачајот, а санитарната инспекција денеска вршела вонреден надзор на Клиниката за гинекологија.

Од Министертвото за здравство потврдија дека била пријавена смрт на четири новороденчиња во една вечер, за кои велат дека биле со ниска гестациска возраст, односно предвремено родени или со претходно констатирани мултиоргански засегања и застој во растот.

„Едното новороденче било родено 25 недела со екстремен прематуритет, второто е родено во 27 недела со мултиоргански засегања и невролошка симптоматологија од централен тип, додека другите две биле родени во 29 недела, од кои едното со претходно утврден застој во растот, интраутерино, и четвртото со предвремено прснат воденик и бактериурија кај мајката. Веднаш по добивање на информацијата, МЗ формираше комисија за стручен надзор и времено е суспендирана докторката, која била на дежурство таа вечер, се до донесување конечен заклучок на Комисијата за стручен надзор, кој се очекува да биде готов во текот на денешниот ден. Исто така, денеска (петок), инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство, по што јавноста ќе биде информирана за донесените мерки за унапредување на работата во оваа ЈЗУ.“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Неофицијално, НОВА од свои извори на клиниката дознава дека дежурната докторка, гинеколог ја напуштила клиниката во 15 часот и 30 минути, а смртта на првото бебе се случило во 15 часот и 45 минути. Дури кога и било јавено за смртта на бебето таа се вратила назад. Таа наводно била видена и од директорката и од вработени во ходникот како облечена во цивил, без мантил излегува надвор. Но, никој од нив не знаел дека таа е дежурен гинеколог и декатаа требала да биде на своето работно место.

Неофицијално, докторката е сопруга на гинекологот против кој е покрената кривична пријава бидејќи девет месеци лажел пациентка дека е бремена, а и тој е суспендиран од гинекологија. Директорката Викторија Јовановска доцна попладе ја потврди информацијата.

Извор:

НОВА