Чкембарите со снежна топка го нокаутираа помошниот судија

 

Навивачите на Пелистер, познати како Чкембари, со снежна топка го удрија помошниот судија, по што овој се струполи на земја. На видеото се гледа во позадина во близина на трибините.

 

По овој инцидент главниот судија го прекина натпреварот, а лекарска екипа се стрча да помогне. Дерби натпреварот во првата македонска лига меѓу Пелистер и Вардар на стадионот во Битола продолжи по кусо време, а навивачите на Пелистер беа преселени на трибините што се одалечени од теренот.

Со победа 1:0 Вардар ја освои титулата како есенски шампион со 40 бодови на чело на табелата. Втора е Шкендија, а на трето место се наоѓа Пелистер.