Член на ВМРО-ДПМНЕ вработен во Централен регистар споделува упатство за правење молотови коктeли

 

Емил Јакимовски, кој на својот Фејсбук профил има објавено дека е поранешен координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Крива Паланка, а сега работи во Централниот регистар на својот Фејсбук профил објави видео со упатство за правење молотови коктели.

98548905490

 

Ова е само уште една во низата закани откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повика на „одбрана на Македонија“, која, според него, била загрозена,пишува порталот Бриф.

Дали МВР ќе реагира на бројните закани и инциденти во јавноста, исплукани новинари, графити испишани на домовите на опозиционери и критичари на власта, пресретнувања од малолетници и јавно навредување?

Но најважно од се е дали МВР ќе ги санкцинира инспираторите на овие сериозни закани, кои се очигледни и кои прават опасна атмосфера на јавен линч и загрозена лична безбедност за многумина кои се таргет на нападите.