Човек од нишкото подземје по грешка се саморазнел со бомба

Првите резултати од истрагата по експлодирањето на автомобилот во кој се наоѓал 39 годишниот Дејан Шарковиќ од Ниш, покажуваат дека бомбата не била поставена, туку тој најверојатно се саморазнел со бомба која се наоѓала кај него.

Истрагата дошла до таков заклучок, откако е утврдено дека подот на автомобилот не е разнесен , туку покривот, а десната страна од загиниот , раката и дел од лицето биле разнесени, што упатува на тоа  дека бомбата била во неговата рака.

Најверојатно бомбата била активирана од невнимание, но не се исклучува и самоубиствто како  ожност, иако според тие што го знаат, тоа е малку веројатно.

Истрагата се насочува да утврди дали Шарковиќ имал намера некого да повреди со експлозивната направа, од која потоа самиот настрадал.

Дејан Шарковиќ има богато криминално досие, работел како обезбедување, а бил пријавуван за насилство, рекет, домашно насилство и друго.

Пред две години имало обид за негов атентат, но настрадало само возилото кое било запалено.

Фото:Курир.рс