Чупеска за мултикултурната акомодација

 

 

Едицијата ,,Патеки” на издаваштвото ,,Везилка 2011″ се збогати уште со едно издание: од печат излезе дебитанската книга ,,Мултикултурна акомодација” од д-р Ана Чупеска Станишковска од Правниот факултет во Скопје.

Во фокусот на инетересирањето на Чупеска Станишковска, чиј влог во невладиниот активизам кај нас е респектибилен, се наоѓаат либерализмот и либералната демократија, столбовите и квазистолбовите на акомодирањето, при што се фрла поглед и врз перспективите на мултикултурната акодомодација, со посебна нагласка на Македонија.

Како одделен сегмент на оваа значајна книга е поместен заедничкиот оглед на проф. Љубомир Фрчкоски и Ана Чупеска Станишковска  за граѓанската непослушност. Храброста и вербата се посебни карактеристики на граѓанската непослушност, наведуваат Фрчкоски и Чупеска-Станишковска, поставувајќи повеќе актуелни прашања, почнувајќи од тоа што точно е најлегитимно да се направи, до тоа дали актот на граѓанската непослушност ќе го постигне саканиот ефект? Авторите ја нагласуваат неопходноста од верба, бидејќи постои недостаток, како што оценуваат тие, на мерливи знаења за правдата.

Книгата на Ана Чупеска-Станишковска  доаѓа како нарачан, релевантен аналитички поглед и поттика во општите напори за разврска на нашите (и не само нашите) мултукултурни јазли.