Шарапова елиминирана од УС Опен

 

Руската тенисерка Марија Шарапова по три сета борба загуби од Анастасија Севастова на Отвореното првенство на Америка, УС Опен.

Во дуел кој траеше 128 минути, летонската тенисерка, која во Њујорк е рангирана како 16 носителка, а на ВТА листата е на 146 место, во четвртото коло ја порази Русинката со 5:7, 6:4, 6:2. Севастова искористи пет од шесте брејк прилики за разлика од Шарапова која имаше половичен ефект (3/6).

Нејзина наредна противничка ќе биде Американката Слоун Стивенс која, пак, во три сета ја елиминира Јулија Гергес со 6:3, 3:6, 6:1.