Шарапова повторно ќе биде амбасадор на ОН

Обединетите нации соопштија дека од април идната 2017 година, Марија Шарапова повторно ќе биде амабасадор на добрата волја на ОН.

Петоструката гренд слем шампионка ја загуби почесната амабасадорска титула, откако беше суспендирана заради позитивен допинг тест.

Во меѓувреме, судот за спортска арбитража и ја намали казната за девет месеци, па Шарапова ќе се врати на тениските терени на 26 април.

Таа исто така ги изгуби сите спонзорства, но сега веќе големите светски спортски марки најавуваат повторно обновување на договорите.