За време на протестот на ,,Самоопределување“ во Приштина по повод годишнината од смртта на нивниот активист , Астрит Дехари, демонстрантите фрлаа со црвена боја по зградата на Владата.

Бараат да се расветли сомнителната смрт на активистот на Самоопределување , кој почина минатата година во затворот во Призрен, каде се наоѓаше заради напад врз косовското Собрание.

Најавено е дека протестите ќе продолжат се до расветлување на вистинските причини заради кои почина Дехари. Не веруваат дека самиот си го одзел животот.