Швајцарско село подарува 70.000 швајцарски франци за четиричлено семејство

Швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, планира да издвојува 70.000 швајцарски франци за четиричлено семејство, доколку решат да дојдат да живеат таму. За десетина денови преостанатите 240 жители ќе гласаат дали да ја прифатат идејата на локалната власт, за да се спречи натамошната миграција и да се врати животот во некогаш многу живото и сусто населено место.

Албиниен ја доживува судбината на повеќе села во Швајцарија, со засиленото иселување  и миграција кон големите градови.

Во селото постојат многу викендички кои се останати празни заради иселувањето.

Само оваа година селото го напуштиле три семејства со осум деца, па локалната самоуправа била принудена да го затвори училиштето.
Жителите побарале од селското раководство да донесе итни мерки за спречување на иселувањето. Планот е да се даваат неповратни 25.000 швајцарски франци за секое возрасно лице во семејството и по 10.000 за секое дете.
Секако дека постојат и услови кои треба да бидат исполнети, а тоа се , возрасните да бидат помлади од 45 години, да се согласат таму да живеат најмалку 10 години и во текот на тие години да вложат најмалку 200. 000 шв. франци за изградба на траен дом, не на викендичка.
РТС