Шекеринска:ВМРО ДПМНЕ последните два дена бара спас во Брисел(видео)

Истите луѓе кои пред два месеца донесоа проглас за немешање на меѓународната заедница во македонските работи , сега преку министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој истовремено е и пратеник, лобираат во Брисел по секоја цена да остане ВМРО ДПМНЕ на власт или барем да биде дел од власта-рече на денешната прес конференција заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска.

,,Тие сега по секоја цена сакаат да ја задржат власта не заради Македонја, не заради безбедноста, не заради граѓаните, туку за да ја избегнат правдата и да го сочуваат нелегално стекнататото богатство.Затоа бараме Претседатот Иванов согласно Уставот, веднаш да го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој обезбеди недвосмислено мнозинство“-рече Шекеринска.