Шилегов и Богдановиќ најавија дека Трговски Центар останува со оригинален изглед и ќе биде реновиран

Градскиот трговски центар ќе остане препознатлив симбол на Центар и на Скопје и нема да биде променет ниту сантиметар од неговиот оргигинален изглед. Среќен сум што сите ние заедно ја добивме првата битка за зачувување на нашиот архитектонски миленик, но правната борба за спас на неговата автентичност ќе продолжи.
Се обврзувам дека како градоначалник на Центар заедно со идниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов нема да дозволиме промени на оригиналниот концепт и изглед на ГТЦ, а единствено ќе се залагаме за негово реновирање.
ГТЦ е едно од најмаркантните обележја на нашата општина Центар и тоа и ќе остане во иднина-напиша Богдановиќ на својот ФБ профил.

Кандидатите за градоначалници на општина Центар и на град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов одржаа заедничка прес конференција на покривот на ГТЦ.