Шокантни снимки од денешниот потоп во Државен архив, вработените поминуваат низ вода до глуждови(видео)

Десетти ден по ред ,откако АКО.мк ги објави првите фотографии и снимки од поплавата во Државен архив на Македонија, во зградата на Археолошки музеј, денеска вработените кога дошле на работа, затекнале страшна глетка. Тие  се соочуваат со ненормални услови на работа, поплавени простории, мувлосани ѕидови и распукани тавани.

И најважно од се, архивската граѓа е загрозена, а документи се преместуваат и вадат од своите фолии и фасцикли за да не мувлосаат.

Ова е денешна состојба во депото на Архив на Македонија, во просториите на Археолошки музеј, 14.02.2018 година.

Додека се чека одлуката на Владата…

AKO.mk