Скандалозно видео коешто се појави на социјалните мрежи, ја вознемири хрватската јавност и го крена алармот на образовните институции. На видеото се гледа како студентка на приватниот Универзитет во Загреб, ВЕРН, на предавање скриена зад својата чанта набрзина повлекува ,,цртичка“ прашеста дрога:

Од спомнатиот факултет веднаш реагирале со соопштение, во кое искажуваат згрозеност од однесувањето на студентката и највуваат дека случајот целосно ќе го процесуираат институционално.

,,Вакво однесување е неприфатливо“ -пишува во соопштението од управата на приватниот факултет.