Шпигл:Вучиќ е параден, авторитарен и популистички премиер

Германскиот весник Шпигл во своето издание пред два дена посвети текст на авторитарните и корумпирани владетели во земјите од Западен Балакан. Акцентот е на српскиот премиер Александар Вучиќ, кој од неодамна кавлификуван и величен како демократски лидер во Србија од страна на германските медиуми, за кусо време дојде на насловните страници како авторитаерн и недомкратски.

Според овој весник, пренесува Дојче Веле, српскиот премиер е параден премиер, со авторитарен и популистички приод на владеење, кој се почесто скршнува од патот на демократијата. На ЕУ сепак повеќе и се потребни стабилни од принципиелни лидери, пишува весникот.

Како што пишува овој весник, во земјите од Западен Балкан, владеат авторитарни лидери и корумпирани политичари, кои се повеќе им вртат грб на демократијата и владеењето на правото.

Вучиќ на пример, е со полна уста фалби за ЕУ, дури германската канцеларка Ангела Меркел ја заплиснува со вистински изјави на љубов и обожување, но во пракса тој е авторитарно-популистичко-нациолистички лидер.

Шпигл потсетува дека и покрај истите сознанија за поранешниот македонски премиер Никола Груевски, запад го подржуваше  и се уште им треба заради политиката на непопустливост спрема мигрантите, бидејќи Македонија ја третираат како тампон зона со нив и брана од мигрантските бранови кон Европа.