Доказите што ги поседува Специјално јавно обвинителство за случаите со нелегално прислушување, начинот на кој е тоа правено, кој го правел тоа и за кои цели, не соддвествуваат со фактичката состојба и се различни од доказите што ги има или врз чија основа се темели обвинителниот акт на Основно јавно обвинителство во случајот ,,Пуч”.  ,,Пуч ” беше покренат во април 2015 година, како одговор на опозициските Бомби што ги објавуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев. Бомбите беа аудио материјали од  прислушувани разговори кои опозицијата ги доби, но досега и покрај сите напори на владејачката партија во тоа време ВМРО ДПМНЕ, остана докрај нејасно од кого и кој точно и ги достави на СДСМ. Јавните обвинители Марко Зврлевски и Јован Илиевски, всушност преку обвинението во процесот ,,Пуч”, се обидоа да ги лоцираат инспираторите на овој најголем политичко-разузнувачки скандал во историјата на Република Македонија.

Основното Јавно Обвинителство  и Обвинителството за организиран криминал до Основниот суд Скопје 1 во Скопје, во април 2015 година доставија обвинителен акт против пет лица за случајот„Пуч“ . Еден од обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој се товари за насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Првообвинетиот, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Второобвинет е Ѓорги Лазаревски и тој беше обвинет за неовластено прислушување и шпионажа.

Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпионажа. Лидерот на СДСМ Зоран Заев  е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи.  Петообвинетиот   е Бранко Палифров кој беше обвинет   за истото дело како и Зоран Заев. Двете обвинителства побараа притвор за сите петмина, но судот го одби барањето. Во меѓувреме, се одложуваа рочиштата, а на почетокот на минатата година СЈО го побара предметот како надлежно обвинителство за прсилушувани разговори. По повеќе перипетии, откако го доби пред летните одмори минатата година, по шест месеци работа СЈО го отфрли обвинението. Според ова обвинителство кое работи на два предмети поврзани со слична содржина ,,Тврдина,, и ,,Таргет,, нема докази за наводите во обвинението за пуч. Дури, според соопштението на СЈО, тие се спротивни едни на други. Токму зарди тоа, СЈО се повлече од ова обвинение, иако како што неофицијално дознаваме, случајот продолжува да се истражува.

Во продолжение потсетуваме на што се однесуваат двата случаи кои ги води СЈО, а чии докази се спротивни на приложените докази во обвинението ,,ПУч”:

„Таргет“ е случај што го покрена Специјалното јавно обвинителство, а кој се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година.

Предмет на истрагата е кој, на кој начин и со кои средства вршел незаконското следење на комуникациите. Мотивите за прислушувањата, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи на прес конференцијата на 18 ноември 2016,  треба да ги покаже истрагата.

Осомничени се 10 лица од кои тогаш, а дел и сега се вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) од највисоките раководни позиции до најниските ешалони. Се товарат за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Таа појасни дека доказите со кои располагаат упатуваат на основано сомнение дека преку системите во УБК од 2008 до 2015 година незаконски се следени најмалку 5.827 телефонски броеви.

Фетаи рече дека прислушувањето било вршено со три различни системи за следење на комуникациите – првиот во 2008 година, вториот од крајот на 2008 до почетокот на 2015 и третиот во 2015 година.

Постои основано сомнение, како што рече Фетаи, дека осомничените лица искористувајќи ја службената положба и овластување на штета на средствата на државата преку злоупотреба на системите на комуникациите дека ги повредиле основните човекови права на незаконито прислушкуваните граѓани.

– Доказите со кои во овој момент располагаме упатуваат на основано сомнение дека преку системите за следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби за нивно следење, рече таа, додавајќи дека над 1.541 телефонски броеви биле прислушувани во период пред да биде издадена судска наредба.

Имајќи ги предид телефонските броеви со кои нелегално прислушуваните комуницирале, како што беше речено на прес-конференцијата, се доаѓа до 20.017 нелегално прислушувани.

Фетаи потенцира дека и покрај потешкотиите со кои се соочиле во текот на предистрагата, сепак обезбедени се не само вребални, туку и материјални докази кои се во поткрепа на основаноста на сомнението. Во контекст на тоа рече дека уништувањето на двата системи за следење на комуникациите го успорило времето на прибирање на доказите, потсетувајќи дека за уништувањето на овие два системи се води истражната постапка „Тврдина“.

– Доказниот материјал упатува на основано сомнение дека во текот на 2008 година тројца од осомничените лица, како лица на раководни позиции давале налози за внесување, односно и самите внесувале телефонски броеви кои не биле предмет на судски наредби и пристапувале кон слушање на телефонските разговори снимени во системот за следење на комуникации за кои немало судски налог, истакна Фетаи.

Првоосомничениот од УБК, кој бил на раководна позиција, како што рече таа, давал наредби за внесување на телефонски броеви во системот за следење за лица од политичката фела, од бизнис-фелата и од новинарска фела, иако немал никакво законско право за тоа.

Второосомничениот пак во координација со првоосомничениот, самостојно го организирал процесот на прислушување, додека пак третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, противзаконски проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени.

Ваквите дејствија, како што појасни Фетаи, биле забележани од вработен во УБК, кој прибавил дел од овие транскрипти и од аудио записите од незаконски следените комуникации, по што му ги дал на друго лице, а крајно преку трето лице биле предадени на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој на 30 декември 2015 година ги предаде на СЈО.

Обвинителката Фетаи рече дека предмет на анализа бил и третиот систем на следење комуникации, кој бил во употреба од 21 јануари 2015 до 31 декември 2015 година.

– И во овој период доказите упатуваат дека осомничените преземале дејства организирани и коориднирани од второосомничениот. Имаме докази дека од компјутерот од неговата канцеларија што бил одземен, вршел слушање на комуникации за некои телефонски разговори за кои немало судки наредби, рече Фетаи.

За останатите осомничени постои основано сомнение дека без да бидат издадени судски наредби внесувале телефонски броеви во системот за прислушување по налог на второосомничениот.

На прес-конференцијата беше речено дека податоците за прислушуваните броеви во моментов се само од еден телефонски оператор, чие име поради истрагите не се објавува и дека се чекаат судски налози поднесени за прибавување на податоци од други оператори кои се изјасниле дека не поседуваат прислушувани броеви.

 

На прашање дали овие докази ќе влијаат и на случајот „Пуч“, зашто е утврдено дека обвинетите биле прислушувни надвор од периодот утврден во судскиот налог, Ристовска одговори кога ќе дојде време, ќе кажат кои се импликациите на оваа истрага врз случајот „Пуч“.

Одговарајќи на прашање, Ристовска рече дека досега не поседуваат докази во насока на тоа дека од страна на странски служби или „жолти комбиња“ е вршено незаконското следење на комуникациите. – Ние може да кажеме во делот на она што се наши сознанија во истрагата, а во однос на делот на изјавите ние се оградуваме, рече таа.

 

 

Специјалното јавно обвинителство  отвори  истрага во врска со неовластеното прислушување под името „Тврдина“, кое е поврзано со користење на опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР.

Истрагата е поврзана со претходни барања  за претрес во домот на началникот на Петта управа при МВР Горан Груевски.

Во случајот „Тврдина“ осомничени се двајца началници во УБК кои заедно со Министерот за внатрешни работи во почетокот на 2015 година противзаконски уништиле системи за следење на комуникации и со тоа нанеле штета на државата во висина од 10 милиони евра.

Делото го сториле веднаш откако Судот ја донел одлуката дека незаконското следење на комуникациите е направено со капацитетите во МВР.

Имено првоосомничениот со цел да прикрие други лица издал усна наредба до други организациони единици во МВР да се уништи техничката опрема со изговор дека е застарена.

 

АКО.мк