Шуто Оризари од идната недела ќе има гинеколог во амбулантата

Амбулантата во Шуто Оризари од следната недела ќе добие гинeколог, со што се  решава долгогодишен проблем и ќе се обезбеди континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина-соопшти Министерство за здравство.

Во министерството за здравство се одржа работна средба меѓу  министерот Арбен Таравари и министерот без ресор, Самка Ибраимовски.

Во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи д-р Вјолце Мбиара. Според министерството, се работи за специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.