Ѓоковиќ во психолошка војна со новинарите(видео)

Новак Ѓоковиќ, еден од неколкуте најдобри тенисери на сите времиња, постојано се соочува со прашања на новинари на неговите прес конференции кои се однесуваат на неговата ментална состојба, самодоверба, самоконтрола или емоции, што тој понекогаш ги толкува како смислена провокација или намерно дефокусирање. Тие зачестија откако тој го освои Ролан Гарос и неговата игра тргна надолу, па пред две недели го изгуби и првото место на светската АТП листа и сега е на втората позиција зад Енди Мари со помал скор од 400 бодови.

На завршниот Мастерс турнир во Лондон каде Ѓоковиќ ја брани титулата, во првиот меч со австриецот Доминик Тим, Новак славеше со – 6:7, 6:0, 6:2.

Но, новинарите повторно ги интересираше менталната состојба на српскиот тенисер.

На крајот од првиот сет, откако Ѓоковиќ го изгуби, тој силно го удри топчето и тоа заврши надвор од тенискиот терен.

Еден новинар беше повеќе заинтересиран за ова отколку за неговата игра.

Еве како се одвиваше разговорот меѓу него и Новак:

Новинар:- На крајот на првиот сет видовме слична фрустрација како на Ролан Гарос кога го фрли рекетот. Дали те загрижува тоа дека еден ден ќе те чини многу. Да погодеше некого….

Ѓоковиќ:- Вие сте неверојатни.

Н: -Зошто?

Ѓ:-Јас продолжувам да ги правам тие работи? Зошто тогаш не ме суспендираат?

Н:-Беше блиску, зарем не?

Ѓ:-Блиску? Це уште не сум суспендиран. Така што ако не сум блиску, тогаш не сум блиску.

Н:-Топчето да погодеше некој навивач, можеше да биде сериознно.

Ѓ:-Можеше. Моше да почне да паѓа снег во О2 арената исто така, но не падна.

Н:-Не си загрижен за своето ментално здравје?

Ѓ:-Јас сум единствен играч што покажува фрустрации на терен? Тоа сакате да кажете?

Н:-Ти си еден од најдобро рангираните.

Ѓ:-Па?

Н:-Покажа фрустрација. Дали е тоа проблем за тебе?

Ѓ:-Не. Не е првпат тоа да го направам.

 

Во Лондон, во текот на наредната недела ќе се натпреваруваат најдобрите осум тенисери во моментот, а Ѓоковиќ ја брани титулата од минатата година. Доколку ја одбрани, ќе се врати на првото место, но борбата ќе биде жестока, бидејќи Мари ќе се обиде да остане на првата позиција, за да влезе во историјата како еден од најдобрите што ја завршил годината како број еден.

 

 

 

Извор-РТС,агенции