Ѓоковиќ и Мари во финале во О2 арената во Лондон

Со победата над Кеи Нишикори со 2:0, во сетови 6:1 и 6:1 само за 1 час и 6 минути игра, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на големиот завршен турнир меѓу осумината најдобри тенисери во светот што се одржува во Лондон.

Претходно, Енди Мари го совлада во тешка и драматична борба Милош Раониќ во меч кој официјално е најдолг во историјата на постоењето на овој турнир, кој траеше три часа и 38 минути.

Енди и Новак, првиот и вториот рекет на АТП листата, утре,(20.11) во 19 часот ќе ги одмерат силите , по што ќе се знае дали британецот ќе остане на врвот или србинот повторно ќе го преземе тронот.