Ѓоковиќ супериорен против Гофан(видео)

обновено-16 и 20: За еден час и 10 минути игра Новак Ѓоковиќ со 6:1 и 6:2 го победи Давид Гофан со што го овери своето учество во полуфиналето во сабота.

15 и 50мin: Новак Ѓоковиќ тргна супериорно во мечот во О2 арената во Лондон против белгиецот Давид Гофан. Тој води со 1:0 во сетови, 6:1 во гемови.

Белгиецот влезе во комбинацијата да игра сега со Новак откако французинот Монфис се откажа од натамошното учество на турнирот на осумината најдобри во светот, заради повреда.