Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави дека ја завршува соработката со неговиот досегашен долгогодишен тим, тренерот Марјан Вајда, кондицискиот тренер Гебхард Фил Грич и физиотерапевтот Миљан Амановиќ. Оваа одлука ја донел по падот на неговата игра во последните година дена .

Најдобриот српски тенисер објави дека се договориле со Вајда нивната соработка да заврши , бидејќи е очигледно дека е потребна нова енергија и пристап во тренинзите за да се врати во старата форма.

 

Новак им се заблагодари за долгогодишната успешна соработка и им одаде признание за посветеноста. Тој рече дека без нив не би можел да ги постигне сите врвни резултати.

,,Тие се мое семејство и тоа никогаш нема да се промени“-изјави Ѓоковиќ.

Новак најави дека нема веднаш да го објави својот нов тим, но рече дека ова сега е нова ера во неговата кариера.