Ѓорге Иванов излажа дека Ангела Меркел му се извинила

Портпаролот на германската влада за САКАМДАКАЖАМ.МК во писмена изјава потврди дека немало никакво извинување од германската канцеларка Ангела Меркел до претседателот Ѓорге Иванов, а во врска со некои претходни, како што рече Иванов во едно интервју, лажни информации што наводно ги пренесувала во Владата во Германија нивната  амбасадорка во Скопје.

На барањето на САКАМДАКАЖАМ.МК за појаснување на вчерашната изјава на Иванов во која тој ја обвини германската амбасадорка во Скопје дека ширела лажни вести и дека германската канцеларка му се извинила за тоа, од службата за информирање на германската влада ја добиле следната писмена изјава:

„Како потпарол на Владата, можам да ви кажам дека федералната канцеларка нема дадено каква било изјава во контекстот што го споменувате. Во однос на забелешките направени од германската амбасадорка во Скопје, ве молиме обратете се кај министерството за надворешни работи за повеќе информации“-стои во писмената изјава на портпарол на Влада на Германија.

Претходно , германското министерство за надворешни работи соопшти дека обвинувањата на претседателот Ѓорге Иванов упатени кон германски дипломати се во најмала рака-неумесни.

Извор:СДК