Ѓукановиќ отстапува од премиерското место?

На денешената седница на Главниот одбор на ДПС чиј претседател е Мило Ѓукановиќ, треба да се одлучи дали ќе го прифатат предлогот на Претседателството на партијата кое одлучи за мандатар на новата црногорска влада да го предложи заменик претседателот Душко Марковиќ.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, на седницата на Претседателството со која претседаваше токму Ѓукановиќ била донесена одлуката тој да не биде мандатар.

Како што стои во соопштението од партијата, на днешената седница на Главниот одбор ќе се анализираат резултатаите од парламентарните избори и ќе се одлучи за предлогот мандатар да биде Марковиќ, а не Ѓукановиќ.

Фото Душко Марковиќ