Ѕвезда го демолираше МЗТ

Екипата на Црвена ѕвезда имаше шампионски старт во АБА лигата. Кошаркарите кои ја бранат титулата во Јадранската лига го декласираа скопски МЗТ со 91:69, пред околу 3.700 гледачи во салата Александар Николиќ.

МЗТ во Белград отпатува со желба за докажување против шампионот на Јадранот. Во воведните минути од натпреварот „металците“ ја имаа играта и го диктираа темпото и се играше „кош за кош“.

Црвено белите првпат дојдоа во водство со 17:16, а потоа следеше серија од 7:0 за крај на првата четвртина, преку Бјелица и Гудуриќ (27:20).

Од тогаш до крајот на натпреварот шампионот само ја зголемуваше предноста.

Ц. Ѕвезда – МЗТ 91:69 (27:20, 22:10, 20:16, 22:23)
Сала: Александар Николиќ Гледачи: 3.700 Судии: Херцег, Хордов, Радојковиќ
Ц. Ѕвезда: Ребиќ 4, Дангубиќ 6, Митровиќ 13, Лазиќ 7, Симаниќ 2, Добриќ, Симоновиќ 3, Џенкинс 6, Гудуриќ 16, Јовиќ 11, Кузмиќ 10, Бјелица 13.
МЗТ: Цветковски, Тејмс 17, Томас 5, Мекиќ, Меси 12, Клоф 10, Симоновски, Лукиќ 13, Дреновац, Младеновски, Скот 1, Лалиќ 11.