Вечерва ќе биде презентиран првиот медиум за новинари. Тоа е порталот ,,Ѕуница“ на кој ќе бидат презентирани проблемите на новинарите, новинарството и медиумите.
Автор на овој уникатен интернет простор за новинари е Моника Јовановска, и самата, како млад новинар,  соочена во минатото со низа неправди и негативно искуство.
Моника вели, дека гледајќи ги проблемите на новинарите, дошла на идеја да создаде дигитален медиум на кој ќе се зборува и пишува за проблемите на нашата фела.
 
,,Создадовме простор каде што ќе се презентираат проблемите со кои се соочувале и во иднина ќе се соочуваат новинарите и медиумските куќи. Навистина е важно да се обрне внимание на медиумските работници, затоа што тие се креатори на јавното мислење и нивната работа заслужува да биде јавно третирана и документирана. Слободата на изразување е едно од основните граѓански и политички права, и токму поради тој факт се одлучивме да презентираме дигитални новинарски стории, кои се обработени исклучиво врз база на вистината. Проблемите со кои се соочуваат новинарите, како што се цензура, физички напади, невербални закани, уценувања, неосновани отпуштања од работа, мобинг и слично, не треба да останат занемарени.

Новинарската професија мора да се потпира на факти, а не на пропаганда и хипотетичко новинарство. Вистината е една за сите и истата никако не смее да биде искривувана за манипулација на народот. Ова новинарско катче е слободен терен за вистинските професионални новинари, но и за оние кои што сакаат тоа да бидат и ќе ги почитуваат стандардите за професионалност.

Јавноста има право да ја знае вистината и мора да биде информирана!“-стои во поаканат за вечерашното отворање на порталот Ѕуница.мк.

На настанот ќе биде презентиран документарен филм за неколку новинари, кои се соочиле со разни видови притисоци, откази, мобинг, неправда на своите работни места.
Моника Јовановска, со среќа и успех за подобро новинарско утре.

Dzunica.mk — Сабота! Во Излет.