Јакимовски,Бајрам,Угриновски во коалиција со Груевски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја објави коалицијата со која ќе настапат на претстојните парламентарни избори. Стефче Јакимовски-ГРОМ, Слободан Угриновски-Титови леви сили, Амди Бајрам, Иван Стоиљковиќ, Живко Јанкуловски се дел од  коалицијата кои  ја потпишаа Декларацијата Македонија 2020 за заеднички настап  на претстојните предвремени парламентарни избори во декември оваа година.

-Граѓаните сакаат напредок и просперитет и знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат. Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно можеме да помогнеме за подобра иднина на Македонија. Ние членовите на Коалицијата се обврзуваме да ги штитиме интересите на РМ, македонскиот народ и интересите на етничките заедници, рече Груевски.

;

,,Свесни дека има уште многу да се работи и решени со сите сили да продолжиме со афирмација на концептите на добро управување и одговорен однос, кон заедницата и граѓаните на сите нивоа од власта.

Убедени дека идеите на државотворната одговорност, како и афирмирањето на духот на единството се препознаени, прифатени и поддржани од граѓаните на Република Македонија ние долу потпишаните лидери на политичките партии дел од коалицијата „За подобра Македонија“ усвојуваме ДЕКЛАРАЦИЈА „Македонија 2020-рече Груевски“.