Јанева го напушти Собранието

Специјалната обвинителка Катица Јанева попладне ја напушти расправата на Комисијата за политички систем заради работни обврски и рече дека нема веќе да се враќа. Но, таа додаде дека ќе присутвува на расправата за извештајот кога ќе биде зкажана пленарната седница.

Претходно се пожали дека односот на некои пратеници кон неа е мобинг.

,,Ако останам жива, ќе го коментирам извештајот на седница” – рече на шега Јанева по долгиот говор на пратеничката од владејачкото мнозинство Владанка Авировиќ која зборуваше од говорница еден час и 20 минути.

Расправата меѓу Јанева и Авировиќ се однесуваше на ангажманот на архитектот и професор Мирослав Грчев како експерт во СЈО.

Четири дена трае расправата и сослушувањето на обвинителката од страна на пратениците во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Повод е шестмесечниот извештај за работата на СЈО.