Јанушев е убиен од 25 годишен затвореник кој користел слободен викенд

Убиецот на 28 годишниот Мартин Јанушев,  е на издржување казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на  викенд, дознава „Макфакс“ oд извори во истрагата.

Се работи за 25 годишно машко лице, кое служи казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

Дваесет и осум годишниот Мартин е син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи. Тој беше застрелан вчера напладне околу 18 часот пред влезот на неговата зграда во скопската населба Аеродром, кадешто се наоѓа и ,,Ред“ кафе.

Извор:Макфакс