Недоразбирањата меѓу поранешниот професор Људмил Спасов и некогашни негови студенти, продолжуваат. д-р Елка Јачева-Улчар, Научен соработник во Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков“ и еден од изготвувачите на монографијата ,,50 години Меѓународен семинар на македонскиот јазик, литература и култура“, реагира на јавната објава на проф. Људмил Спасов, кој е претседател на владино тело за македонски јазик, во која тој неа, и другите автори на Монографијата, ги обвинува за -СТАЛИНИЗАМ. 

Јачева – Улчар на својот ФБ профил пишува:

-Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, на својот ФБ-профил јавно ја споделил следнава објава:

„Вчера, 17 декември 2017 г., се одржа свеченост по повод 50-годишнината на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот е основан во декември 1967 г. со одлука на тогашната влада на СРМ. Првиот директор на Семинарот беше татко ми, акад. Александар Спасов, а првиот семинар се одржа во август 1968 г. во Охрид во хотелот Палас. По повод на јубилејот е издадена и монографија за 50 години на Семинарот. 


НЕ МОЖАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА, СЛУЧАЈНО ИЛИ НАМЕРНО, ВО МОНОГРАФИЈАТА ЈА НЕМА ФОТОГРАФИЈАТА ОД ПРВИОТ СЕМИНАР, ЗАЕДНО СО ПРВИТЕ СЕМИНАРИСТИ И СО ПРВИОТ ДИРЕКТОР, АКАД. АЛЕКСАНДАР СПАСОВ. ИНАКУ ФОТОГРАФИИТЕ НА СИТЕ ДРУГИ ДИРЕКТОРИ СЕ НАОЃААТ ВО МОНОГРАФИЈАТА. ОВАА СЛУЧКА НЕ ИМ ШТЕТИ НА СПАСОВИ, ТУКУ ЗБОРУВА ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЈА СТАВИЛЕ ФОТОГРАФИЈАТА ВО МОНОГРАФИЈАТА.

(Еве ја фотографијата. До акад. Александар Спасов се наоѓа проф. д-р Ружа Паноска, најглавната соработничка во тоа време на директорот на Семинарот)


Да потсетам дека менувањето на историјата не е непозната работа. Така, на пример, Сталин своите последни години од животот ги има минато во „бришење“ на сликите од своите бивши „соборци“. (FB статус на Људмил Спасов)

Во име на вистината, повелете и видете кои се „сталинистите“ (сл.2), видете ја содржината (сл. 3)

, и видете дека никаде не е избрашано името на таткото на професорот, академик Александар Спасов. Тоа што таа фотографија којашто проф. Спасов ја приложува под својата објава не е поместена во монограијата се должи на следново: Редакцијата, воопшто, ја немаше на увид од причина што ваква фотографија не најдовме во архивата на Семинарот, ами е во приватна сопственост кај синот на академик А. Спасов.

ЗНАЧИ, НИШТО НЕ Е НАМЕРНО НАПРАВЕНО. НА ОВОЈ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА СЕМИНАРОТ, КАКО И НА ОВАА РЕДАКЦИЈА, ТОА НЕ МУ Е СВОЈСТВЕНО, ТАКА КАКО ШТО Е ТОА КАРАКТЕРИСТИЧНО ЗА ВАС: СО СПЛЕТКАРЕЊЕ И ИСКРИВУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА ДА СИ ГИ ДИСКРЕДИТИРАТЕ НЕКОГАШНИТЕ СТУДЕНТИ, А ДЕНЕС КОЛЕГИ. НЕКА ВИ СЛУЖИ НА ЧЕСТ!

ПУКАЈТЕ, ПРОФЕСОРЕ, (НИЕ ЈА НАУЧИВМЕ ЛЕКЦИЈАТА), ПА СЕГА ДРЖИМЕ ЧАС (ЗА ТОА КАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОСТАПУВА СО КОЛЕГИ)!“

(ФБ статус на проф. Елка Јачева-Улчар, како одговор на обвинувањата на некогашниот нејзин професор , сега Претседател на Совет за македонски јазик,  проф. д-р Људмил Спасов)

АКО.мк