Јовановиќ на омразата, агресијата и личните навреди ќе одговори со љубов

Советникот во Министерство за финансии, Бранимир Јовановиќ, е разочаран од коментарите коишто ги предизвика со неговиот ФБ пост, во кој се обиде да даде аргументи зошто е добро да се зголеми цената на нафтата и на дизелот.

Тој напиша нов пост на својот ФБ профил, во кој вели:

,,Отпрвин ме изненадија реакциите на мојот обид да објаснам зошто е потребно да се зголеми акцизата на дизелот. Аргументи скоро и да нема, а врие од омраза, агресија, навреди, лични напади…

Но, всушност, разбирливо е. Сите овие години во кои оние кои имаа некаков став беа оцрнувани и распнувани, ја убија конструктивната критика и дебатата. Сите овие години во кои успеваа оние кои гледаа само како да остварат лична корист, нѐ направија себични и несолидарни. Направија 3-те денари кои треба да ги дадеме од џебот да ни се поважни од сиромаштијата, здравството, образованието, загадувањето…

Единствен начин да го смениме ова е ако покажеме дека може и поинаку. Дека на омразата може да се одговори и со љубов. На навредите, со аргументи. На себичноста, со солидарност.

Јас така ќе правам.“-пишува владиниот советник Јовановиќ.