Јосифовски и Лекиќ купуваат акции на Макпетрол

На порталот СЕИ – нет е известено дека Претседателот на УО на Макпетрол Андреја Јосифовски и членот на УО Саша Лекиќ купиле 140, односно 50 акции од МП.

Во соопштението се вели:

,,Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Согласно член 34, алинеја 7 од Правилата за котација нa Македонската берза А.Д. Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол А.Д. – Скопје, господинот Андреја Јосифовски, во изминативе 30 дена се стекна со 140 акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје, а членот на Управниот одбор Саша Лекиќ се
стекна со 50 акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.

Според информациите од берзата вчера во блок трансакција вредна 1,3 милиони денари, се продадени 53 акции на „Макпетрол“.

Цената на акциите изнесуваше 25.333 денари за акција.

Минатата недела имаше шест транскации со акциите на компанијата во кои беа продадени околу 450 акции вредни повеќе од 10 милиони денари, пренесува Плусинфо.

Истовремено, податоците на берзата покажуваат дека последните месеци странски субјекти ги продаваат акциите од „Макпетрол“.

Така, во август странските инвеститори во основната главнина на друштвото учествуваше со 5,85 отсто. Претходно учествовот на странските инвеститори во капиталот изнесуваше 6,94 проценти.

Изминатите месеци имаше обиди за ,,непријателско,, преземање на Макпетрол, а повеќе од една година нема информација до каде е постапката по кривичните пријави против целиот УО и НО на Макпетрол.