Јувентус го прегази Динамо

Фудбалерите на Јувентус вечерва во Загреб го победија Динамо со 4:0, во натпревар од второто коло од Групата Х во Лига на шампиони. Италијанскиот шампион потполно го надигра загребскиот тим, кој често се бранеше и со десет играчи.

Торинските црно-бели поведоа во 24 минута со голот на босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, кој лесно ја испрати топката во мрежата после грешката на дефанзивецот на Динамо Леонардо Сигал.

Водството го дуплираше Гонзало Игуаин во 31 минута после додавањето од Пјаниќ во срцето на шеснаесетникот.

Динамо не направи речиси ништо позначајно во првото полувреме, освен шансата во 26 минута кога после центаршут топката со глава ја Гордон Шилденфелд и ја погоди пречката од голот.
Со добра игра Јувентус продолжи и во второто полувреме.

Третиот гол го постигна Паоло Дибала од околу 25 метри, а конечниот резултат, 4:0 го постави домашниот голман кој после слободниот удар што го изведе Алвеш топката ја сврти во својата мрежа.

Во вториот натпревар во таа група фудбалерите на Севиља на домашен терен го победија Лион со 1:0 и ја остварија првата победа. Голот го постигна Висам Бен Једер во 53 минута. Шпанскиот тим можеше да победи и поубедливо, ако Лучано Вијето во 68 минута искористеше пенал.

Во третото коло што се игра на 18 октомври Динамо на Максимир игра против Севиља, а Лион го дочекува Јувентус.

Во моментов Јувентус е прв на табелата со четири бода, колку што има и Севиља, но послаба гол-разлика. Лион е трет со три бода, а Динамо последен без бодови.

Нерешено во Мадрид

real-borusija

Фудбалерите на Реал вечерва одиграа нерешено 2:2 со Борусија од Дортмунд во второто коло од Групата Ф.

„Кралевите“ го врзаа третото реми по ред, после два нерешени резултати во шпанското првенство.

Мадридскиот клуб и понатаму е прв во својата група со четири бода колку што има и Борусија.

Стрелец на првиот гол за Реал беше Кристијано Роналдо, којшто после постигнатиот погодок се поздрави со тренерот Зинедин Зидан и така покажа дека помеѓу нив нема несогласувања.

Португалецот го доведе Реал во водство во 17 минута, но Пјер-Емерик Обамејанг изедначи пред полувремето.

Нова предност за мадридскиот клуб донесе Рафаел Варан во 68, а конечниот резултат во 87 минута го постави Андре Ширле.

Чекор зад Реал и Борусија е Спортинг, кој во Лисабон ја победи полската Легија со 2:0 и ги освои првите бодови. Стрелци беа Брајан Руис во 28 и Бас Дост во 37 минута.

Во следното коло на 18 октомври Реал ја дочекува Легија, додека Спортинг дома игра против Борусија.

Монако спасуваше бод

monako-baer

Фудбалерите на Монако останаа непоразени после две кола во Групата Е во Лига на шампиони, затоа што вечерва на свој терен одиграа нерешено со Баер Леверкузен.

Баер поведе во 73 минута со голот на Хавиер Ернандес, а изедначи Камил Глик во четвртата минута од судиското продолжение на времето.

Тотенхем ги освои првите бодови во ЛШ, со победата над ЦСКА во Москва со 1:0. Голот го постигна Хеинг-Мин Сон во 71 минута.

Монако има четири бода и е прв во групата, пред Тотенхем кој има три. Баер има два, а ЦСКА еден.

Следното коло се игра на 18 октомври. ЦСКА и Монако ќе се сретнат во Москва, а Монако го дочекува Баер Леверкузен.

Историска победа на Лестер

lester

Фудбалерите на Лестер вечерва ја остварија втората победа во ЛШ. Тие на свој терен го победија Порто со 1:0, во натпревар од второто коло од групата Г.

На преполниот стадион Лестер го одигра првиот натпревар од Лигата на шампиони во историјата на тој клуб.

Победата на домаќините им ја донесе Ислам Силмани во 25 минута, кога со глава ја испрати топката во мрежата, после центаршутот на Ријад Махрез. Ова беше негов трет гол во првите четири натпревари за шампионот на Англија, и сите три со глава. Порто пропушти две добри шанси, преку Андре Силва и Мигел Лаин.

Во вториот натпревар во таа група Копенхаген како домаќин го победи Бриж со 4:0.

Во 54 минута Стефан Денсвил постигна автогол, десет минути подоцна Томас Долејни со волеј удар од работ на шеснаесетникот зголеми на 2:0, третиот гол го постигна Федерико Сантандер во 70 минута, а конечните 4:0 ги постави Матијас Јоргенсен во 93 минута.

Лестер е прв на табелата со шест бодови. Копенхаген е на второ место со два бода помалку. Порто е трет со еден бод, додека последен е Бриж без бодови.

Во третото коло на 18 октомври Лестер на својот стадион го пречекува Копенхаген, а Порто му оди на гости на Бриж.