Јувентус стигна во Загреб

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус допатува во Загреб каде што со почеток во 20.45 го очекува натпреварот против Динамо во рамките на второто коло од групата Х од Лигата на шампиони.

Фудбалерите на торинската „Стара дама“ веднаш се упатија кон стадионот во Максимир, но не тренираа туку само се прошетаа по теренот. Тренерот Масимилијани Алегри во Загреб доведе 20 играчи меѓу кои се и двајцата хрватски репрезентативци Марио Манџукиќ и Марко Пјаца.

„Дојдовме по три бода и размислуваме само за утрешниот натпревар. Не сакаме да дозволиме никакво изненадување, рече Алегри на средбата со новинарите.

Алегри нагласи дека „Јуве“ игра секои два-три дена и дека треба умно да ги ротира играчите за да бидат поодморни и поконцентрирани.