,,Порака до трујачаите од Берово- Погледни си го делото! Погледни го кутрето кое се мачи да преживее! Погледни ги умрените кутриња и мачиња. Што ви згрешиле? Што сакале да живеат? Што му се радувале на животот? Што имале љубов во себе, за разлика од вас што мразите се што е живо! Погледнете го видеото и овие фотографии- нека ве гонат до крајот на вашиот живот! и прашајте се- Каде ќе ви оди душата?

Ова се фотографии од труењето на повеќе мачиња и кутриња во Берово- информирани сме дека од два часот попладне на повеќе места се забележани како се тресат, се пенат и полека и болно умираат! Отруени се улични миленици кај гробиштата, во центарот, кај амбулантата, кај полициската станица…..

ВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛЕТЕ- НЕКА СТИГНЕ ПОСТОТ И ПОРАКАТА ДО ТРУЈЧИТЕ- Им ги броиме злоделата!

Градоначалнику на Општина Берово Звонко Пекевски, доколку ова не е дело на Општината, Ве повикуваме и очекуваме да направите се што е во ваша надлежност да се најдат сторителите на ова кривично дело“-пишува на ФБ страницата на Анима Мунди.