Љубица Јанчева е нов претседател на Совет на Град Скопје. Јанчева е советник од СДСМ и коалицијата, а професионално е доктор на историски науки и е вработена во ИНИ(Институт за национална историја). Член е на Советот на ИНИ, редовен професор во Одделението за историјата на македонскиот народ (1941–1991) ,  – научен советник/редовен професор во Институтот за национална историја – Скопје – професор на втор циклус на универзитетски студии на ЈНУ Институт за национална историја и на трет циклус на докторски студии по историја на Филозофскиот факултет и ЈНУ Институт за национална историја.

Инаку, денеска се одржа првата конститутивната седница на Советот на Град Скопје. Советот на Град Скопје најпрво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, преставки и поплаки на Советот на Град Скопје.

Потоа Комисијата ги верификува мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори на кои  коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија освои 21 мандат, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советнички мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 3 мандати, Партијата БЕСА освои 2 мандати и по еден мандат освоија партиите Левица и Алијанса на Албанците. Комисијата ги верификува мандатите на 44 советници, додека мандатот на советникот Ерџан Селими, којшто не присуствуваше на седницата ќе биде верификуван на некоја наредна седница.