Ќерката загинала, а мајката останала неповредена по превртување на возилото со кое управувала

На 23.10.2017 година околу 11.30 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна незгода во која О.М.К. (38) од Битола, управувајќи патничко возило „Фиат Браво“ со битолски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубила контрола над возилото и излетала од патот. Возилото неколку пати се превртело, а совозачот Ј.К. (18) испаднала од возилото и починала на местото на настанот. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. О.М.К. била пренесена во Медицински центар Битола каде не и биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти МВР.

Фото:Архива