Џон Готи, Јово Вангеловски и Никола Додевски

Во ист ден кога се дознава дека Врховен суд под диригентската палка на Јово Вангеловски го укинува притворот на Сеад Кочан, и ги гледате дека седат еден до друг адвокатот  и извршителот, не може како медиуми да ја пренесувате таа информација без да го забележите ова и како да е тоа нормално. Па во најмала рака, има судир на интереси.
Никола Додевски, кој без исклучок, ги брани сите раководители на ВМРО ДПМНЕ и блиски до нив бизнисмени, сега во улога на претседател на Адвокатска комора, седи рамо до рамо со претседателот на Врховен суд кој одлучува по негов предмет, притворот на Сеад Кочан?! Па ова го немало и во времето на Дон Корлеоне и Ал Капоне заедно, во најмафијашките денови од почетокот на минатиот век.
Image may contain: 3 people
Јас знам дека на младите светот останува. Ама искуството мора да го води младешкиот ентузијазам, и слободно ќе кажам – незнаење, инаку ќе имаме лошо искористена евтина работна сила, површно и погрешно информирана јавност и опасно заведување на консументите на информации. Улогата на новинарите и на медиумите, покрај тоа што треба да информираат, е и да детектираат злоупотреби, неправилности, девијации, а не само бегло, без да го забележуваат ова, да известуваат како да е сето тоа нормално.
Благодарејќи на површноста во известувањето, Никола Груевски врши партиски увид и се шета низ објекти финансирани од државниот буџет кој се полни од сите граѓани. Неприфатливо, недозволиво, класична злоупотреба и упад во државните институции од партиска личност која нема никаква функција и не смее да има никакво влијание во Влада на РМ и нејзините надлежности. Никој во медиумите не прави проблем од ова. Или речиси никој.
Некогаш, ќе ги ,,раскиневме“ за вакви злоупотреби.
Никола Додевски и Јово Вангеловски брутално ни се изругаа во лице и заминаа во Џон Готи стил. Коза ностра…шу да праиш.
Па, господине адвокат на Џон Готи, Ал Капоне, Лаки Лучано, фамилија Гамбино…што мислите за ова , она , не знам како да ве прашам….

-Благодарам за честитките ќе се видиме во некоја следна прилика…

Емилија Лазаревска