Џорџ Сорос `и подари 18 милијарди долари на Фондација Отворено Општество

Еден од најбогатите луѓе на светот, милијардерот Џорџ Сорос, најголем дел од своето лично богатство и го подари на Фондација Отворено Општество, јавија повеќе светски медиуми.

Богатството на Сорос е вредно 23 милијарди долари , а на својата фондација, која ја формираше пред повеќе од две и пол децении, и отстапи како подарок 18 милијарди долари.

Со ова Сорос создаде фондација гигант во филантропијата, втора по богатство, по онаа на Бил и Мелинда Гејтс.

87-годишниот основач на Soros Fund Management LLC, Џорџ Сорос , во 1979 година ја започна својата филантропска дејност и ја засили  борбата против комунизмот низ Источна Европа. Во 1984 година, тој ги постави темелите на својата  фондација во Унгарија, земјата на неговото раѓање, и низ годините до денес, не престана да дејствува преку разни проекти и НВО организации, често влијаејќи директно во политичките борби и преврати на владите во Југоисточна Европа.