Првиот кадетски златен медал освоен на Европскиот куп вo џудо-Cadet European Cup Gyor 2017 2017, сјае како дијамант за Македонија, пишуваат денеска романските медиуми.

Првиот европски Куп за кадети заврши со голем успех за македонскиот џудист 16 годишниот Хамза Јашари (-66кг), кој освои злато по деветгодишно тренирање џудо. Ова е прв македонски златен медал освоен на  европски кадетски џудо куп.

“Ова е прекрасно, големо задоволство е  да се добие првиот македонски златен медал во кадетскиот EJU Куп. Вежбам џудо од седум години и од тогаш живеам за ова. Никогаш не сум се обидел во некој друг спорт, бидејќи тоа беше мојата прва љубов. Моето семејство ме поттикнуваше за да го постигнам многу посакуваниот успех, но тие не се интересираат за џудо колку што сум јас вљубен во оваа боречка вештина. Мојот прв натпревар беше во 2012 година, а сега имам златен медал. Ова е неверојатно. Се надевам дека ќе постигнувам ваков успех и во  иднина “-изјави Јашари по освојувањето на златниот медал.

Хамза Јашари мораше да победи  во пет борби за да стигне до најсјајниот медал. Прво, тој победи против Гергели Габор (РОМ) со неверојатен ипон. Неговиот втор натпревар беше против Матушовиц Дан (ГЕР), Хамза победи и  против својот германски противник со 2 вазари.

Во полуфиналето Хамза мораше да се бори против Италијанецот, Луиџи Центрачо, а  победи со 2 вазари исто така. Конечно, во последниот натпревар за златен медал тој се соочи со Матео Чук (ГЕР).

Тој верувал дека ќе го порази неговиот германски противник и успеа да го стори тоа. “Јас сум толку среќен што можам да тренирам џудо и никогаш не се откажувам од мојот начин на живот”-изјави Јашари.

АКО.мк