,,Џунгла” се сели од Кале

Започна евакуацијата на најголемиот мигрантски камп наречен ,,Џунгла’  кој се наоѓа во францускиот град Кале.

Според Франс прес власта ставила на располагање 60 автобуси кои треба да ги пренесат мигрантите до други азилантски кампови, каде тие ќе чекаат екстрадиција назад во своите земји.

Migrants with their belongings queue as their evacuation and transfer to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in Calais startsMigrants with their belongings queue at the start of their evacuation and transfer to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in Calais

За оваа потреба се подигнати 450 прифатни центри во цела Франција. Во Кале со години престојуваат околу 6500 мигранти од Сирија ,Авганистан и Еритреја, но и од други земји кои главно не ги исполнуваат критериумите за подолг престој или азил.

Migrants with their belongings queue at the start of their evacuation and transfer to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in CalaisFrench CRS riot police secure an area on the eve of the evacuation and transfer of migrants to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in Calais

Предвидени се неколку дена за целосно иселување од ,,Џунгла” , а ангажирани се над 1300 полицајци и припадници на специјалните единици.

Булдожерите се подготвени да го срамнат со земја дивиот камп кој се наоѓа во близина на брегот со Велика Британија.

Волонтерите кои работат во кампот не се уверени дека неговото отстранување ќе го реши проблемот.

Голем дел од мигрантите немаат намера да го прифатат мирно иселувањето.

 

Flames are seen near protesters on the eve of the evacuation and transfer of migrants to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in CalaisFrench CRS riot police secure an area on the eve of the evacuation and transfer of migrants to reception centers in France, and the dismantlement of the camp called the "Jungle" in Calais

Некои од нив велат дека може да ги дислоцираат , но тие ќе одат било каде, ако треба и по улиците на Париз.

Хуманитарците сметаат дека ова ќе биде најголемата акција на Владата за да го поврати под контрола градот на брегот на Ламанш.

Фото REUTERS