10 извршители минатата година оствариле приход од 4, а добивка од 1,1 милион евра

На сметките на десетте извршители со најголеми приходи, минатата година се слеале речиси 4 милиони евра. Нивната добивка изнесувала дури 1 ,1 милон евра, објави денеска ТВ 24.

Според информациите на оваа телевизија, на врвотсо најголема добивка е поранешниот   прв човек на комората на извршители Гордан Станковиќ. Тој во 2016 имал приходи од  600.000 евра, додека пак неговата добивка изнесува 267 илјади евра.

Зоран Петрески. Минатата година на неговата сметка се слеале половина милион евра. Петрески имал добивка од 227 илјади евра.

Извршителката Снежана Андреевска  од Скопје лани имала приходи од 415.000 евра, додека пак  добивка од  47.000 евра.

Гордана Џутеска,  извршител од Струга, минатата година имала приходи од 380.000 евра, и добивка од 184.000 евра.

Извршителот Андреја Буневски од Скопје минатата година имал приходи од  377.700,  но пријавил расходи од 377.500 евра, со што неговата добивка за лани изнесува околу 200 еврa.

Фанија Каламатиева остварила приходи од  352.700  евра, а минатогодишната добивка и изнесувала 32.000 евра.

Извршителката Даница Страчкова лани имала приходи од 344.400 евра, додека нејзината добивка изнесува  82.000 евра.

Весна Јакимовска,  извршител од Гостивар, остварила приходи од 298.000 и добивка од 62.000 евра.

Магдалена Симовска Давидовиќ имала приходи 260.700, додека добивката за минатата година и изнесувала 115.000 евра.

Извршителот од Кавадарци Љупчо Јованов за минатата година остварил приходи од 252.000 и добивка од 88.000 евра.

Владата во предизборната кампања најави дека ќе се намалат трошоците што граѓаните ги плаќаат на извршителите. Граѓаните се жалат на високи трошоци за казни и за извршители, многу често за незначителни долгови, главно кон банките или за комунални давачки.

Извор:ТВ 24