11 минути аплауз за Меркел

Ангела Меркел доби 11 минутен аплауз од своите колеги во партијата ЦДУ на конгресот на кој беше повторно избрана за лидер на партијата.

За неа гласаа 89 проценти од делегатите, а таа ќе се кандидира повторно за канцелар и ќе ја предводи партијата на изборите идната година.

Исто така силен и долготраен аплауз доби за нејзината заложба да се забрани со закон таму каде што ќе може, носењето бурки или целосно покривање на лицето на жените во Германија.

 

Ова предизвика изненадување во јавноста со оглед на нејзината либерална политика кон мигрантите.

Меркел на конгресот нагласи дека не смее да се повтори мигрантската 2015 година и најави рестриктивни мерки и на овој план.

Инаку, таа изминатите две години беше изложена на жестоки критики заради политиката на отворени врати за мигрантите, па сега ова аналитичарите го третираат како обид да ги придобие симпатиите на јавноста пред изборите.