11 полицајци добија откази за учество во собраниските инциденти на 27 април

МВР информираше дека на единаесет припадници на МВР им се поделени отказни решенија заради учество во крвавите настани во Собрание на РМ на 27 април.

Завршена е дисциплинската постапка за 11 полицајци, а во тек се и други постапки за полициски работници кои на различен начин биле инволвирани во настаните од 27 април.